ПЕШАЧКАТА ЗОНА ОД ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА ДО ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ЗАТРУПАНА СО КОЛИ И КАМИОНИ – ФОТОГАЛЕРИЈА

    ПЕШАЧКАТА ЗОНА ОД ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА ДО ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ЗАТРУПАНА СО КОЛИ И КАМИОНИ – ФОТОГАЛЕРИЈАЦелиот центар на Скопје е блокиран со коли, но ниту Град Скопје, ниту МВР не реагираат. (Фото: СДК.МК)

    Пешачката зона од Триумфалната порта до Плоштад Македонија во строгиот центар на Скопје е затрупана со коли, таксисти, комбиња и камиони. Возила слободно си влегуваат преку Портата и си возат низ Плоштадот затоа што столпчињата се искршени.

    На патеката покрај коли паркирани стојат и камиони, комбиња и автобуси, (Фото: СДК.МК)

    Целиот просторот меѓу Портата и зградата на ЕСМ каде порано се наоѓаше сендвичарата „Чичко Стоилко“ и од каде се влегува во Градскиот трговски центар е паркинг. Коли се паркирани која каде стигне и нема простор за движење на граѓаните. Просторот исто така е блокиран и со возила на ЕСМ кои си направиле паркинг и го заградиле со столпчиња.

    Коли возат низ Плоштад затоа што столпчињата се искршени. (Фото: СДК.МК)

    Под Портата стојат паркирани таски возила и комбиња за превоз, а новиот плочник поставен пред две години кон Плоштадот е цел узурпиран не само од коли, туку и од камиони, автобуси и приколки. Паркирани коли стојат речиси и на Плоштадот односно пред ТЦ „Лумикс“ кај зеленилото и плочата на Мајка Тереза.

    На Плоштадот слободно си влегуваат коли. Столпчињата се искршени и додека минувавме кола возеше низ Плоштадот и излезе преку Портата.

    Плочникот кој беше поставен пред две години веќе е искршен од колите и камионите. (Фото: СДК.МК)

    Ваквата слика во стригиот центар на градот е секојдневие, но нигде ги нема сообраќајната полиција, инспекција од Град Скопје и пајак службата.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира