ПЕТГОДИШНАТА ЈАНА ХРИСТОВСКА ПОЧИНАЛА ОД СРЦЕВ УДАР ПРЕДИЗВИКАН ОД ПНЕВМОНИЈА, Е НАОДОТ НА СУДСКА МЕДИЦИНА СПОРЕД КОЈ НЕМА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА

    ПЕТГОДИШНАТА ЈАНА ХРИСТОВСКА ПОЧИНАЛА ОД СРЦЕВ УДАР ПРЕДИЗВИКАН ОД ПНЕВМОНИЈА, Е НАОДОТ НА СУДСКА МЕДИЦИНА СПОРЕД КОЈ НЕМА ЛЕКАРСКА ГРЕШКАНе е пронајден пропуст на лекарите ниту причинско-последична врска меѓу примената инфузија во Битолската болница и смртта на девојчето; - Од протестот за прада за Јана во март во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Пневмонија по прележан ковид-19 предизвикала воспаление на срцевиот мускул од што потоа настанал инфаркт кај 5-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари, стои во извештајот на Суска медицина доставен до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола како причина за смртта на девојчето. Не е пронајден пропуст на лекарите ниту причинско-последична врска меѓу примената инфузија во Битолската болница и смртта на девојчето.

    Јана почина на 22 март во Битолската болница откако претходно ѝ беше ставена инфузија, па родителите обвинија дека по ваквиот лекарски третман ѝ се покачил шеќерот од 9 на 19 единици.

    „Ние остануваме на ставот дека се работи за лекарска грешка. Го добивме наодот од судска медицина. Чекаме да се изјасни обвителството, потоа ќе видиме што ќе преземеме понатаму, дали ќе бараме странска експертиза, ќе одиме до крај колку што ни се можностите. Девојчето немаше симптоми на бронхопневмонија, доколку беше така ќе имаше константна температура, кашлица, тешко дишење, а ние го однесовме на нозе на болница. Откако ја прими инфузијата крвта се направи партал“, вели мајката Кристина Христовска.

    Адвокатот на семејството Христовски, Јанаки Митровски, вели дека не се совпаѓаат податоците за прележан ковид и за времето кога настанала смртта кај девојчето. Па, денес побара од Основното јавно обвинителство во Битола да се заплени и вештачи компјутерот во Детското одделение во болницата каде биле внесени податоци при лекувањето на Јана.

    „Извештајот од судска медицина како причионско-последична врска ја наведува пневмонијата на девојчето и одат на претпоставка, не факт и тврдење, дека е тоа поради наводно прележан ковид во јануари, зашто тогаш била лекувана со симптоми слични на ковид-19. Но, дали се реални тие симптоми, зашто тие се слични и на други состојби? Има доказ дека во август 2022, а не во јануари 2023 година девојчето прележало ковид. Сметаат дека пневмонијата преизвикала воспаление на срцевиот мускул и тоа предизвикало инфаркт“, вели Митровски.

    Во наодите на судска медицина е детектиран и проблем со црниот дроб веројатно како последица на инфузијата, но Митровски вели дека не го доведуваат тоа во причинско- последицчна врска со инфарктот, ниту е е посебно истражувано во таа насока.

    „Не прејудицирам ничија вина, задоволен сум од работата на ОЈО Битола. Но, има сериозни разлики за времето кога настанала смртта. Во отпусното писмо е 1,30 часот, а според анестезиологот во 3,20 часот и тука доаѓа до некои забуни. Баравме до ОЈО Битола да се заплени и вештачи компјутетрот од Клиничката болница во Битола“, вели адвокатот.

    Во овој тек на постапката семејството нема право на жалба, туку ќе може подоцна да поведе граѓанска постапка за надомест на штета.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира