ПО 10 ГОДИНИ ОПЕРИРАНИ КАНЏИТЕ НА ТИГАРОТ ОД БИТОЛСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

    ПО 10 ГОДИНИ ОПЕРИРАНИ КАНЏИТЕ НА ТИГАРОТ ОД БИТОЛСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНАКај постарите мачки, со текот на годините доаѓа до природно зголемување и искривување на канџите кои можат да прераснат во перничињата и да предизвикаат болка или повреда. (Фото: ЗОО Битола)

    Во Битолската зоолошка градина беше извршен оперативен зафат врз канџите на тигарот, кој по интервенцијата успешно закрепнува под постојан надзор на зоонегуватели и ветеринарен тим. Во зафатот учествувале четворица ветеринари, а од Зоолошката градина на шега велат дека тигарот по десет години добил „нов педикир“.

    „Кај постарите мачки, со текот на годините доаѓа до природно зголемување и искривување на канџите кои можат да прераснат во перничињата и да предизвикаат болка или повреда. Затоа, тимот ветеринари изведе прецизно уредување на канџите, со што на тигарот повторно му овозможивме целосен комфор во движењето“, соопштија од Зоолошката градина.

    Зафатот бил извршен додека тигарот бил успиен, што овозможило ветеринарниот тим истовремено да изврши детален здравствен преглед. Биле проверени кардиоваскуларниот и респираторниот систем, извршено е чистење на забите, а биле земени и крвни примероци за биохемиски анализи.

    По успешната интервенција, тигарот останува под внимателен надзор на ветеринарниот тим и зоонегувателите, со цел неговото целосно закрепнување.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира