ПО БУТЕЛСКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗИ ОТИ 4 МЕСЕЦИ Е РАСКОПАНА, ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ЈА АСФАЛТИРА КОГА ЌЕ ЗАТОПЛИ

    ПО БУТЕЛСКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗИ ОТИ 4 МЕСЕЦИ Е РАСКОПАНА, ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ЈА АСФАЛТИРА КОГА ЌЕ ЗАТОПЛИЖителите на населбите Бутел и Радишани велат дека секој ден мораат да вртат низ споредни улички за да излезат на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош оти низ Бутелска ќе ги искршат колите.(Фото: СДК.МК)

    Бутелска, главната улица во скопката општина Бутел, четири месеци е раскопана, целата е со дупки и по неа не може да се вози.

    Град Скопје во октомври лани ја раскопа едната страна на улица Бутелска за поставување нова цевка за атмосферска канализација. Оттогаш улицата нема асфалт. Од другата страна на коловозот пак на секој десетина метри има дупки од прокопи, кои исто така не се асфалтирани ниту пак поставен е тампон слој.

    Жителите на населбите Бутел и Радишани велат дека секој ден мораат да вртат низ споредни улички за да излезат на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош оти низ Бутелска ќе ги искршат колите.

    Од Град Скопје велат дека асфалт улицата ќе добие кога ќе се подобрат временските услови, но не кажуваат зошто четири месеци не нашле решение да се оспособи улицата за сообраќај.

    „Градот Скопје, на улицата Бутелска, на потег од Кружниот тек на влезот од населбата до крстосницата со улицата Александар Урдаревски, изврши поставување на нова атмосферска канализација. Останува да се изврши целосна реконструкција на улицата на овој потег, а тоа ќе се стори кога ќе го овозможат временските услови“, велат од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира