ПО ДЕВЕТ ЧАСA РАБОТА ОТСТРАНЕТ ОДРОНОТ НА АВТОПАТОТ КАТЛАНОВО-ВЕЛЕС, СЕ ПРЕПОРАЧУВА ПРЕТПАЗЛИВО ВОЗЕЊЕ

    ПО ДЕВЕТ ЧАСA РАБОТА ОТСТРАНЕТ ОДРОНОТ НА АВТОПАТОТ КАТЛАНОВО-ВЕЛЕС, СЕ ПРЕПОРАЧУВА ПРЕТПАЗЛИВО ВОЗЕЊЕОд ЈП Македонија пат поставени се сообраќајни знаци за претпазливо возење, бидејќи се можни нови одрони. (Фото: СДК.МК)

    Утрово во 6,20 часот исчистен е одронот на автопатот делница Катланово- Велес, кај месноста Ветерско, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    „Сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес после тунелот Катланово, поточно месноста викана Ветерско, кој поради голем карпест одрон синоќа беше во прекин од 6.20 часот утрово е целосно нормализиран за сите категории на возила“, соопшти ЦУК.

    Одронот на земја, кој се случи после обилните врнежи деновиве, го чистеле екипи на ЈП Македонија пат од Скопје и од Велес од двете страна на автопатот. Од ЈП Македонија пат поставени се сообраќајни знаци за претпазливо возење, бидејќи се можни нови одрони.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира