ПО ДВЕ НЕДЕЛИ КАРАНТИН ОТВОРААТ СЕДУМТЕ ТЕКСТИЛНИ ФАБРИКИ ВО ШТИП, ВО ОСМА ИМА ТРОЈЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19, А 10 РАБОТНИЧКИ СЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

    ПО ДВЕ НЕДЕЛИ КАРАНТИН ОТВОРААТ СЕДУМТЕ ТЕКСТИЛНИ ФАБРИКИ ВО ШТИП, ВО ОСМА ИМА ТРОЈЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19, А 10 РАБОТНИЧКИ СЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈАНепочитувањето на мерките при превозот најмногу придонесе да се прошири коронавирусот меѓу текстилните работници во Штип поради што седум фабрики две недели беа затворени. (Фото: СДК.МК)

    Околу 800 текстилни работници во седумте затворени фабрики, по двонеделниот карантин и самоизолација почнаа постепено да се враќаат на работа. Од 800 брисови што се земени во тесктилните фабрики, кај 126 вработени беше утврден КОВИД-19. Голем дел од нив сега се на домашно лекување, на работа се враќаат работниците кои беа во самоизолација и не покажале позитивност на коронавирус.

    „Во седумте затворени фабрики извршено е комплетно дезинфицирање на погоните и во нив веќе започнува производствениот процес. Рестартот е постепен што значи дека неколку фабрики работат со половичен капацитет, една фабрика работи со 60 проценти капацитет, а стопроцентна работа е воведена само во една фабрика која има најмал број на вработени“, вели градоначалникот на Штип Благој Бочварски.

    Ако во овие фабрики се враќа работата, во осма текстилна фабрика завчера е откриен корионавирус кај неколку работнички, а десет се пратени на домашна самоизолација. Фабриката работи, но со намален капацитет и под строги здравствени протоколи. Од фабриките соопштуваат дека овојпат се води зајакната контрола на превозот со сите потребни заштитни мерки, а голем дел од вработените одат на работа пеш или со свои возила без да користат автобуски превоз.

    Непочитувањето на мерките при превозот најмногу придонесе да се прошири коронавирусот меѓу текстилните работници во Штип поради што седум фабрики две недели беа затворени.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира