ПО БУТЕЛ И ОПШТИНА АЕРОДРОМ БАРА ДА СЕ ВРАТАТ ИМИЊА НА УЛИЦИТЕ ОД ВРЕМЕТО НА ГРУЕВСКИ

    ПО БУТЕЛ И ОПШТИНА АЕРОДРОМ БАРА ДА СЕ ВРАТАТ ИМИЊА НА УЛИЦИТЕ ОД ВРЕМЕТО НА ГРУЕВСКИВМРО-ДПМНЕ веднаш по локалните избори проба да се вратат старите имиња на улиците, но иницијативата не им пројде оти немаше поддршка од албанските партии во Советот, а без нив немаат мнозинство. (Фото: СДК.МК)

    Општина Аеродром бара од Град Скопје да се вратат  имиња на улиците во Скопје кои беа ставени во времето на  владеењето на Никола Груевски. Тогаш голем дел од улиците добија имиња на личности од антиката. Пред две недели, исто такво барање до градоначалничката Данела Арсовска достави и Општина Бутел.

    На вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром, претседателот на Советот Дејан Митески предложи иницијатива за враќање на старите имиња на улиците оти тоа го барале граѓаните. Иницијативата беше изгласана со мнозинство гласови кои ги има ВМРО-ДПМНЕ во Советот.

    „Со една непромислена одлука во март 2021 година, на предлог на Шилегов, се направи хаос во системот на имиња на улици, каде што повеќе од 80 улици во Лисиче беа преименувани. Се надевам дека Советот на Град Скопје сериозно ќе ја разгледа оваа наша иницијатива и во најскоро време ќе донесе одлука за враќање на имињата на улиците, во интерес на жителите на овие улици.

    ВМРО-ДПМНЕ веднаш по локалните избори проба да се вратат старите имиња на улиците. На една од првите седници на Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ предложи точка на дневен ред за поништување на одлуката на ексградоначалникот Петре Шилегов со која античките имиња се избришаа и се вратија старите имиња на улиците. Но, оваа барање на ВМРО-ДПМНЕ не помина бидејќи немаше поддршка од албанските партии во Советот, а без нив тие немаат мнозинство.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира