ПОЧНА РЕВАКЦИНАЦИЈАТА СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ВО ВЕЛЕС ОТКАКО ПЕРИОДОТ МЕЃУ ДВЕ ДОЗИ СЕ СКРАТИ ОД 12 НА 6 НЕДЕЛИ

    ПОЧНА РЕВАКЦИНАЦИЈАТА СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ВО ВЕЛЕС ОТКАКО ПЕРИОДОТ МЕЃУ ДВЕ ДОЗИ СЕ СКРАТИ ОД 12 НА 6 НЕДЕЛИВо Велес голем е интересот за вакцинација без термин, за два дена аплицирани се 300 вакцини „Синовак“.(Фото: СДК.МК)

    Во пунктот во спортската сала „Коле Неделковски“  во Велес, од денес започна ревакцинацијата со вакцината „АстраЗенека“, која требеше граѓаните како втора доза да ја примат во средината на август.

    „Од претпладнево се врши вакцинација со втора доза на вакцината ‘АстраЗенека’ откако Министерството за здравство одобри да се намали рокот на аплицирање. Целта е граѓаните да обезбедат имунитет пред можниот нов бран на ковид-19 од септември“, кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пункт во Велес.

    Министерството за здравство неодамна го скрати рокот за ревакцинација од 12 на 6 недели.

    Неделава се вакцинираат и деца на возраст од 16 и 17 години, досега пријавени се 79.

    „Добивме термин за 46 деца, за вакцинација се појавија 40, шест не дојдоа. Имаме термини и за утре и петок, за деца на возраст  од 16 и 17 години“,вели д-р Пандели Божиков.

    Во вакциналниот пункт во Здравен дом голем е интерес за вакцинација без термин. Изминативе два дена аплицирани се 300 вакцини „Синовак“ прва доза. Во рамките на теренската вакцина опфатени се и затворениците од  отвореното одделение во Велес, на затворот од Идризово од каде вакцинирани се 13 лица.

    Голем интерес има и за теренската вакцинација. Заклучно до вчера во 21 населено место во поширокиот велешки регион, биле аплицирани 476 вакцини.

    Денес со посетата на селата од регионот на Азот Нежилово, Ореше и Бистрица завршува вакцинацијата во Општина Чашка а од утре продолжува во Општина Градско. Од денес продолжува и во Општина Лозово, во селото Ѓуземелци, каде започна пред десетина дена со вакцинација во населбата Лозово и беа аплицирани 42 дози вакцини. Нив ги извршува екипа од Здравствен дом Свети Николе.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира