ПОЧНУВА ДА СЕ ГРАДИ 5-КАТНИЦАТА ВО ПАРКОТ КАЈ ХОТЕЛ „ЈАДРАН“, ПОСЛЕДНАТА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ

    ПОЧНУВА ДА СЕ ГРАДИ 5-КАТНИЦАТА ВО ПАРКОТ КАЈ ХОТЕЛ „ЈАДРАН“, ПОСЛЕДНАТА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕПарцелата веќе е заградена со метална ограда и поставена е табла со податоци за инвеститорот градителот и градбата. (Фото: СДК.МК)

    Зграда на пет ката наскоро ќе никне во паркот кај хотел „Јадран“ во строгиот центар на Скопје. Парцелата веќе е заградена со метална ограда и поставена е табла со податоци за инвеститорот и градбата. Со тоа, паѓаат во вода сите напори на станарите од околните згради да се заштити паркот и да се спаси последната зелена површина во Мал ринг.

    Градител на зградата е фирмата „Сколимекс“, а одобрението за градба е издадено од Општина Центар на 2 ноември 2017, кога на функција уште беше градоначалникот Саша Богдановиќ.

    Жителите кои живеат во непосредна близина поднесоа жалби до Второстепената комисија во Министерството за транспорт и врски, но тие беа одбиени. Со тоа беа исцрпени сите правни средства кои стојат на располагање да се стопира градбата.

    Зградата во паркот е предвидена со измените на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ во 2012, кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ и кога на секоја слободна парцела во центарот беа нацртани згради и објекти од „Скопје 2014“.

    Општина Центар во рамките на процесот на мораториум не успеа да го смени планот „Мал ринг“, а откако беше поништен од Уставен суд, градителите слободно можат да се бараат дозволи за градба според она што е нацртано во 2012, во времето кога локална и централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира