ПОЧНУВАМЕ СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 20 УЛИЦИ НИЗ СКОПЈЕ, НАЈАВИ ШИЛЕГОВ

    ПОЧНУВАМЕ СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 20 УЛИЦИ НИЗ СКОПЈЕ, НАЈАВИ ШИЛЕГОВГрад Скопје денеска почна со реконструкција на улицата Востаничка во населбата Пржино. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна со реконструкција на улицата Востаничка во населбата Пржино. Улицата во должина од 1.100 метри ќе добие нов асфалт, нови рабници и тротоари, а 76 домаќинстава нови приклучоци на водоводната мрежа. Реконструкцијата на улицата Востаничка чини околу 15 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 50 дена.

    Градоначалникот Петре Шилегов на стартот на градежните работи кажа дека во наредниот период ќе се реконструираат 20 улици низ Скопје, во сите 10 општини.

    „Годинава градежната офанзива за реконструкција на сообраќајниците низ градот ја почнуваме подоцна поради пандемијата на ковид-19. Граѓаните на Скопје ќе добијат нови побезбедни улици, со што ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење. Како и лани кога покажавме еден нов, брз и ефикасен начин на работа и оваа година улиците ќе се реновираат во кус рок, со работа и навечер. Ги замолувам скопјани за малку трпение бидејќи секои градежни работи предизвикуваат пореметување на секојдневието“, рече градоначалникот Шилегов.

    Од буџетот на Град Скопје Шилегов за реконструкција на улици се обезбедени околу 12 милиони евра. Во програмата за реновирање оваа сезона се влезени булеварот Александар Македонски од влезот на Скопје кон населбата Автокоманда, улицата Теодосиј Гологанов кај Клуб на пратеници, Пластичарска од американска амбасада до Момин Поток, а ќе почне и проширувањето на Македонско-косовска бригада со која треба да се спојат тунелите под Кале. Нов асфалт ќе добијат и булеварите Киро Глигоров, Видое Смилевски-Бато и 8 Септември, како и улиците 11 Октомври, Васил Ѓоргов, Никола Парапунов и Џон Кенеди. Ќе продолжи реконструкцијата на улиците Лазар Личеновски и Благоја Стефковски, кои почнаа да се работат лани.

    Вчера Град Скопје почна со пробивање на улицата Есенинова, со која ќе се поврзат населбите Кисела Вода и Аеродром и граѓаните од овие делови на градот го избегнат тесното грло кои се создава кај „Тутунски комбинат“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира