ПОЛА ТЕТОВО НАД 8 СААТА БЕЗ ВОДА ПОРАДИ ГОЛЕМ ДЕФЕКТ НА ЦЕВКА

    ПОЛА ТЕТОВО НАД 8 СААТА БЕЗ ВОДА ПОРАДИ ГОЛЕМ ДЕФЕКТ НА ЦЕВКАИзлеаната вода од водоводната мрежа и обилниот дожд кој претпладнето врнеше во Тетово ја поплавија улицата Цветан Димов каде се наоѓаат објектите на Архивот на Тетово и СВР. (Фото: СДК.МК)

    Пукната водоводна цевка го остави поголемиот дел од Тетово без вода за пиење. Дефектот се случил на улица Цветан Димов, каде пукнала една од главните водоводни цевки. Излеаната вода од водоводната мрежа и обилниот дожд кој претпладнето врнеше во Тетово ја поплавија улицата Цветан Димов каде се наоѓаат објектите на Архивот на Тетово и СВР.

    „Дефектот се случи околу 11 часот, а нашите служби веднаш излегоа на терен и почнаа со санирање, поправка и замена на водоводната цевка. Станува збор за пукната стара салонитна водоводна цевка, која поради дотраеноста продолжи да пука по нејзината должина додека траеше поправката. Овие стари и дотраени цевки ни создаваат големи проблеми и често се случува да се оштетат или да пукнат поради големиот притисок во водоводната мрежа. Голем проблем, исто така, ни прави и тоа што цевките се со различни стандарди па мора дополнително да се работи на нивно поврзување. Поради ова, околу 60 проценти од градот веќе осум часови е без вода за пиење. Нашите екипи и понатаму се на теренот и работат за што побрзо санирање на дефектот“, изјави раководителот на водотехничката лабораторија на ЈКП Тетово Љуљзим Шаќири.

    Во овој момент, издашноста на шарските извори е добра и во градскиот резервар доаѓаат околу 400 литри вода во секунда.

    З. АНДОНОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари