ПОЛИЦАЕЦ ЗАГИНАЛ, ГО УДРИЛ ВОЗ КОГА СО ВОЗИЛО НА МВР ПОМИНУВАЛ НА СПУШТЕНА РАМПА

    ПОЛИЦАЕЦ ЗАГИНАЛ, ГО УДРИЛ ВОЗ КОГА СО ВОЗИЛО НА МВР ПОМИНУВАЛ НА СПУШТЕНА РАМПАНесреќата се случи утринава на железничкиот премин на улица Благоја Стевковски во скопската населба Хиподром, увиот е во тек (Фото: СДК.МК)

    Полицаец загинал утринава кога со службена кола на МВР поминал на спуштена рампа на железичкиот премин во скопската населба Хиподром, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

    „Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје раководи со увидот на лице место на несреќата која се случи утринава на железничкиот премин на улица Благоја Стевковски во скопската населба Хиподром. Според првичните информации, несреќата се случила кога товарен воз кој се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје – југ (Железара), удрил во патничко моторно возило фолксваген венто, сопственост на Министерството за внатрешни работи. Во несреќата на лице место починал возачот на автомобилот, вработен во полициската станица Гази Баба. Увидот е во тек“, соопшти Обвинителството.

    Овој железнички премин и покрај рампата е една од црните точки во Скопје, оти возачите често не го почитуваат режимот на сообраќање и ја минуваат иако е спуштена во очекување на воз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира