ПОЛИЦАЕЦОТ И УБИЕНИОТ БИЛЕ СОСЕДИ ВО БИТОЛА И СЕ ПОЗНАВАЛЕ ОД ПОРАНО

    ПОЛИЦАЕЦОТ И УБИЕНИОТ БИЛЕ СОСЕДИ ВО БИТОЛА И СЕ ПОЗНАВАЛЕ ОД ПОРАНОИстрагата треба да утврди дали во случајот се работело за долг или пак замешани се и други лица. - Траги од убиството на патот кон прилепското село Беловодица (Фото: СДК.МК)

    Полицаецот Енвер Т. (23) од Битола и 36-годишниот битолчанец Бекир А., за кој е осомничен дека го убил завчера на патот кон прилепското село Беловодица, биле подалечни соседи и добро се познавале од порано.

    „Убиениот битолчанец имаше маалска продавница на улицата ’Ѓорги Наумов‘ во Битола, каде успешно со семејството водеше семеен бизнис. Имашливи се, имаат убава куќа. Покојникот беше татко на три деца. Овој осомничениот живее на ’23-та‘, друга улица во близина. Подалечни комшии се, но се познаваат, сме ги виделе и претходно како разговараат“, раскажуваат соседите кои сакаат да останат анонимни.

    Битолчани се згрозени од грозоморното убиството кое се случи во петокот попладнето на патот за Боловодица, Прилепско каде 23 – годишниот битолчанец, вработен како полицаец е осомничен дека со чертири куршуми убил друг битолчанец и потоа го запалил. Уште повеќе се изненадени од тоа што осомничениот е полицаец и што убиството го извршил со службениот пиштол.

    Според полицискиот извештај, двајцата битолчани прво се допишувале на Фејсбук и полицаецот му предлагал да му посредува за да купи возило „голф 5“ од трето лице за 3.600 евра. Заедно отишле со возилото на патот за Беловодица, каде наводно ќе ги чекал сопственикот на возилото. Кога излегле од колата полицаецот со службениот пиштол го убил, му зел чанта со 4000 евра а потоа му ставил капа на лицето, го полил со бензин и го запалил. По ова си заминал.

    Истрагата треба да утврди дали во случајот се работело за долг или пак замешани се и други лица. Од МВР засега немаат информации дали осомничениот му должел пари на убиениот. Осомничениот иако во полицијата го признал делото и детално го опишал, во обвинителството се бранел со молчење.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира