ПОЛИЦИЈАТА ФАТИ 17 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ЗА ЕДНА НОЌ ВО ТЕТОВО

    ПОЛИЦИЈАТА ФАТИ 17 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ЗА ЕДНА НОЌ ВО ТЕТОВОЗа други прекршоци казнети се уште 20 возачи, 13 од Тетово и 7 од Гостивар. (Фото: СДК.МК)

    Во акциска контрола на СВР Тетово изминатава ноќ биле откриени и санкционирани 17 возачи кои возеле пијани.

    „Во текот на изминатава ноќ во периодот од од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Тетово е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол. Во контролата откриени и санкционирани се 17 возачи од Тетово кои со возилото упправувале под дејство на алкохол. На сите им се изречени соодветни санкции. Покрај ова, при контролата биле откриени и санкционирани и уште 20 возачи, 13 од Тетово и 7 од Гостивар, бидејќи направиле друг вид сообраќајни прекршоци, па и против нив ќе се изготват законски предвидените поднесоци“, соопшти портпаролот на СВТ Тетово Фатмир Реџепи.

    Од тетовската полиција велат дека вакви редовни и вонредни акциски контроли засилено ќе има и во наредниот период.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира