ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРОГЛАСИ ЗА ПОЧИНАТ СОПСТВЕНИКОТ НА ИЗГОРЕНАТА КУЌА ВО ВЕЛЕС, А ТЕЛО НЕМА

    ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРОГЛАСИ ЗА ПОЧИНАТ СОПСТВЕНИКОТ НА ИЗГОРЕНАТА КУЌА ВО ВЕЛЕС, А ТЕЛО НЕМАВо текот на вчерашниот ден се рушеше изгорената куќа, за што се користеше булдожер. (Фото: СДК.МК)

    Миле Паунов, сопственикот на изгорената куќа кај Варналиите во Велес, МВР го прогласи за починат, иако неговото тело не е пронајдено. Во краткото соопштение објавено вчера попладне, во дневниот билтен МВР објави за пожарот, во кој до темел изгоре куќата на Паунови, заштитена од државата, а таа до неа на Маневи исто така заштитена како културно наследство е оштетена и невселива од огнот и водата со која се гаснел пожарот.

    Од МВР соопштија дека петокот во 23.30 часот било пријавено дека во Велес, на улица Јован Алабаков настанал пожар во куќа, сопственост на М.П.(79) и истиот загинал. Од пожарот била зафатена и соседна куќа.

    Во текот на вчерашниот ден се рушеше изгорената куќа, за што се користеше булдожер. Според соседите до вечерта не било пронајдено тело, а денес поради дождот, не се започнати никакви активности.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира