ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ГОСТИВАРСКИ УГОСТИТЕЛ ОТИ НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛ ЗАБРАНАТА ЗА РАБОТА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ГОСТИВАРСКИ УГОСТИТЕЛ ОТИ НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛ ЗАБРАНАТА ЗА РАБОТА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТГостиварецот ја прекршил за забраната на Владата за работа на сите угостителски објекти во земјава поради коронавирусот и послужувал храна на гости во кафеаната. (Фото: СДК.МК)

    Полицијата денеска го привела сопственикот на угостителски објект на улицата Гоце Делчев во Гостивар, поради тоа што  бил отворен спротивно на владината одлука и препораките за справување со коронавирусот соопшти СВР Тетово.

    Во моментот кога бил приведен 51-годишниот гостиварец А. А. околу 13 часот, неколку лица во внатрешноста на објектот биле послужени со храна.

    Кафеанџијата бил задржан е во Полициската станица Гостивар и ќе добие пријава.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира