ПОЛОВИНА ОД ЗАКАЖАНИТЕ 910 ТЕРМИНИ НЕ ДОШЛЕ НА ПРВИОТ ДЕН ОД КОВИД ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО БИТОЛА, ДЕНЕС ИНТЕРЕСОТ ЗГОЛЕМЕН

    ПОЛОВИНА ОД ЗАКАЖАНИТЕ 910 ТЕРМИНИ НЕ ДОШЛЕ НА ПРВИОТ ДЕН ОД КОВИД ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО БИТОЛА, ДЕНЕС ИНТЕРЕСОТ ЗГОЛЕМЕН

    Повеќе од половината граѓани кои имаа добиено термин за вакцинација против ковид-19 вчера, на првиот ден од почетокот на масовната вакцинација во Битола, не дојдоа на Регионалниот вакцинален пункт во Битола. Според директорката на Здравствениот дом во Битола Весна Спирковска, за вчера беа договорени 910 термини, а се вакцинирале 397 граѓани. Тоа е 43 проценти од вкупниот број на закажани лица за вакцинација во текот на вчерашниот ден.

    „Толку лица се појавија на пунктот за вакцинација, но тоа беше претежно повозрасната популација, па веројатно и затоа бројката беше таква. Но, за денес имам информации дека имунизацијата е масовна, има голем интерес, уште претпладнето беа вакцинирани 200 лица, а во текот на цел ден има 1.300 термини“, рече Спиркоска.

    Таа додаде дека возрасната граница на лицата за вакцинација ќе почне да се спушта надолу. Дел од помладата популација која сака да се вакцинира, а некои се и со хронични заболувања коментираат дека не е во ред граѓани да закажуваат термини и потоа да не се оздвиваат на вакцинација, зашто со тоа другите кои се решени да се имунизираат, а се помлади чекаат подолго во услови кога секој ден може да биде од животна важност.

    Во Регионалниот пункт за вакцинација во Битола имунизацијата се врши со кинеската вакцина на „Синофарм“, а дневно се договорени по 950 термини на лица од Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира