ПОМИНА РЕБАЛАНСОТ НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ, НЕ СЕ ИЗДВОИ НИ ДЕНАР ЗА КОПАНКИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОМИНА РЕБАЛАНСОТ НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ, НЕ СЕ ИЗДВОИ НИ ДЕНАР ЗА КОПАНКИ

    Мина уште еден ребаланс на буџетот на општина Битола, а повторно не се издвои ни денар од општинската каса за да се обнови изгорениот планинарски дом Копанки на Пелистер. Амандман за да се издвојат 100.000 евра за обнова на домот поднесе Благојче Котевски, советник од СДСМ.

    „Ова е последен пат кога Советот на општината прави ребаланс на буџетот, в година ќе бидат други советници. Три години со ред барам во однос на буџетот да се одвојат 100.000 евра за Копанки. Тоа го барам при секој ребаланс. Досега ниту еднаш немаме добиено потврден одговор од власта. За се има пари во Македонија, освен за Битола. Имаше пари за Панорамско тркало, за барокна фасада на ЕЛЕМ, но не и за обнова на култниот планинарски дом на Пелистер“, рече Котевски.

    Николче Јанкуловски од Комисијата за финансии и буџет изјави дека додека не се донесе потребната документација за домот, не може да се гради.

    „На сите барања кои беа поставени од здруженија на граѓани и на планинари во однос на деталните урбанистички планови и документација, тврдам одговорно дека Советот позитивно пристапи кон нивно решавање. Се додека таа постапка не заврши до крај не може да се планираат идни инфраструктурни активности иако во интерес на сите битолчани е што побрзо да се изгради Копанки“, рече Јанкуловски.

    Планинарскиот дом Копанки изгоре во јануари 2013 година, а општината ден по пожарот вети дека ќе помогне во неговата обнова. Потоа на сите прашања одговараа дека објектот бил дивоградба и требало да се легализира. Лани летото градоначалникот Владимир Талески на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ му го врачи решението за легализација. Но, се уште се чека за да се почне со градба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира