ПОРАДИ МАЛ БРОЈ КОВИД ПАЦИЕНТИ, СЕ ЗАТВОРА МОНТАЖНАТА БОЛНИЦА ВО ВЕЛЕС

    ПОРАДИ МАЛ БРОЈ КОВИД ПАЦИЕНТИ, СЕ ЗАТВОРА МОНТАЖНАТА БОЛНИЦА ВО ВЕЛЕСМонтажната ковид болница во Велес почна со работа на 17 март и работеше до 26 мај, кога поради малиот број пациенти беше затворена. (Фото: СДК.МК)

    Откако десетина дена опаѓаше бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во модуларната болница во Велес, таа од претпладнево е повторно времено затворена. Утрово таму имало петмина пациенти со проблеми поради коронавирусот, четворица од Велес и еден од Свети Николе. Тие беа префрлени на другите ковид одделенија.

    „Од денес се затвора модуларната болница. Пациентите позитивни на ковид се префрлаат на Инфективното одделение, а негативните со продолжено болничко лекување на Интерно одделение“,  кажа д-р Елена Левкова-Ќулумова, портпаролка на Велешката болница.

    Монтажната ковид болница во Велес почна со работа на 17 март и работеше до 26 мај, кога поради малиот број пациенти беше затворена. Во вториот период примаше пациенти три месеци, од 4 септември до денес.

    Во Велешката болница претпладнево беа згрижени 28 пациенти, од нив 16 се позитивни, четворица се непотврдени и осум негативни но со потреба од продолжено болничко лекување, а на кислородна поддршка се 13 лица. Освен што се намалуваше бројот на пациенти со ковид-19 во Болницата, деновиве се намалува и бројот на активни случаи. Има сѐ повеќе оздравени отколку новозаразени.

    Заклучно до вечера во Велешко имаше 327 активни болни од ковид-19. Во ноември по компликации од ковид-19 починаа 32 лица.

    Продолжува вакцинацијата,  но со намален обем. Заклучно до 27 ноември, вакцинирани се 48 отсто од населението над 12-годишна возраст или во категоријата над 18 години има одѕив од 52%.

    Од почетокот на месецов во пунктот во Здравствен дом Велс се аплицира единствено вакцината на „Фајзер“.

    П. ПЕЧКОВ


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира