ПОСКАПЕ ТАКСИ ПРЕВОЗОТ ВО ВЕЛЕС ЗА 10 ДЕНАРИ

    ПОСКАПЕ ТАКСИ ПРЕВОЗОТ ВО ВЕЛЕС ЗА 10 ДЕНАРИСе покачува стартот за 10 денари, па така наместо почетни 40, новата цена е 50 денари. Останува цената за минат километар да биде 25 денари.(Фото: СДК.МК)

    Советниците во Општина Велес едногласно го изгласаа барањето, такси превозот да поскапи. Се покачува стартот за 10 денари, па така наместо почетни 40, новата цена е 50 денари. Останува цената за минат километар да биде 25 денари, која и досега беше во важност, но таксисти не ја применуваа. Но, затоа стартните 50 денари, иако не одобрени од Советот ги наплатуваа уште од први септември. Во вечерните часови цената е 60 денари, која таксистите ја наплатуваа од почетокот на септември, а на оваа седница беше и официјализирана.

    Цената на такси превозот е непроменета од април 2012 година. Моменталната е мала за да се одржува возилото, да се заработи една плата. Не погодува покачувањето на сите елементи кои влегуваат за една такси услуга, пред сѐ цената на горивото. Теренот во градот е лош, улици не се санирани и се амортизираат возилата. Зголемениот интензитет на сообраќајот, го зголемува времето на возењето, па патниците чекаат. Не погодува и нелегалната конкуренција. Имаме стари возила кои тешко се одржуваат. Такси превозот не е така исплатлив, па повеќе колеги заминаа од него, значи не носи толку пари, колку што граѓаните мислат“, рече Тони Јосифов, член на Здружението на велешките таксисти.

    Советниците пак побараа почитување на законските обврски на таксистите пред сѐ вклучување на таксиметарот, тоа да не биде по барање на корисникот, туку секојдневие на превозникот.

    „Општинскиот сообраќајниот инспектор поголема контрола да врши над дивите таксисти. Но има и возила со лиценци, кои не смеат да учествуваат во сообраќајот, а не да возат патници. Потребни се засилени контроли, за да се подобри такси превозот“, рече советникот Драган Димевски.

    Според проценките, во Велес има 200 таксисти.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари