ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ЏАМИЈАТА НА ПОПОВА ШАПКА КОЈА Е ДИВОГРАДБА

    ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ЏАМИЈАТА НА ПОПОВА ШАПКА КОЈА Е ДИВОГРАДБАИ покрај тоа што од општинскиот инспекторат има дадено решение за запирање на градежните активности, тоа не го спречи инвеститорот Тетовското муфтиство да продолжи со градежните активности - од поставувањето на камен-темелникот во присуство на челникот на ИВЗ реисот Сулејман ефенди Реџепи и тетовскиот муфтија Ќани Несими (Фото: ТВ Шења)

    Во присуство на највисоките претставници на ИВЗ предводени од реисот Сулејман ефенди Реџепи и тетовскиот муфтија Ќани Несими, вчера на Попова Шапка се постави камен темелник на џамијата за која се нема добиено дозвола за градба. И покрај тоа што од општинскиот инспекторат има дадено решение за запирање на градежните активности, тоа не го спречи инвеститорот Тетовското муфтиство да продолжи со градежните активности. Според кажување на посетители  на Попова Шапка, пред некој ден местото го посетиле и претставници од ОБСЕ. Додека тие биле присутни градежните работи престанале, но откако си заминале работниците кои тука работеле продолжиле со работата.

    „Ставаме камен темелник на овој свет храм, џамија, на ова историско и туристичко место, на оваа прекрасно место каде големиот бог ја создал оваа убавина. Ова е исклучителен историски резултат. Јас не сум прочитал дека порано тука имало џамија, но еве сега и тоа ќе се реализира“, истакна реисот  Сулејман ефенди Реџепи при поставувањето на камен темелникот.

    За тоа што нема градежна дозвола за изградба на џамијата, реисот Реџепи рече дека ако цела Попова Шапка нема урбанистички план тогаш сите хотели, викенд куќи па и манастирот на Попова Шапка се дивоградби и не знае зошто за џамијата се бара дозвола. Тој исто така рече дека нему уште пред повеќе години му било ветено дека тука ќе се гради џамија, но досега тоа не било направено бидејќи тогаш немало волја тука да се изгради џамија.

    Според трите билборди поставени на патот кон Попова Шапка, џамијата која се гради ќе биде на три спрата со големо минаре и пропратни објекти.

    З. АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира