ПОЖАР КАЈ ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА, ГОРИ ШУМАТА КАЈ КАРАУЛАТА НА АРМ

    ПОЖАР КАЈ ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА, ГОРИ ШУМАТА КАЈ КАРАУЛАТА НА АРМПожарот е уште активен, најверојатно изгоре и караулата на АРМ, а голема е веројатноста да е префрлен и на грчката страна. (Фото: СДК.МК)

    Голем пожар гори кај граничниот премин Богородица на границата со Грција, близу хотелот „Фламинго“, каде гори борова шума кај граничната караула на АРМ. Пожарот избувнал околу 12 часот, на терен се гевгелиската Противпожарна единица и Комуналец и се обидуваат да го локализираат.

    Пожарот е уште активен, најверојатно изгоре и караулата на АРМ, а голема е веројатноста да е префрлен и на грчката страна. Сè уште нема официјални информации за димензиите на пожарот и евентуалната штета.

    Граничниот премин Богородица во попладнево беше затворен, а сообраќајот беше пренасочен кој Дојран. Околу 16.30 часот преминот Богородица беше отворен за сообраќај, но не се знае дали ќе остане отворен.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира