ПОЖАРОТ МУ ПЕПЛОСА 200 СЛИКИ, ПА 90-ГОДИШНИОТ УМЕТНИК НАНЧЕ ИЗЛОЖИ 60 НОВИ ДЕЛА ВО ШТИП

    ПОЖАРОТ МУ ПЕПЛОСА 200 СЛИКИ, ПА 90-ГОДИШНИОТ УМЕТНИК НАНЧЕ ИЗЛОЖИ 60 НОВИ ДЕЛА ВО ШТИПСтојан Трниниќ-Нанче со снаата Дафина и синот Раде кои живеат во Скопје, на отворањето на изложбата во Уметничката галерија Безистен во Штип (Фото: СДК.МК)

    Деведесетгодишниот уметник Стојан Трниниќ-Нанче отвори нова изложба во Штип, откако пред  неколку  години во пожарот што избувна во неговата родна куќа во Штип му изгореа над 200 слики во акварел.  И тогаш и сега на отворањето на новата изложба, докторот по физичка култура кој долги години живееше во Скопје, рече дека човек во животот може да преброди сѐ, а како вљубеник во уметноста може да твори додека е жив. Така и тој  и покрај годините успеа да ја обнови изгорената куќа и истовремено да создаде нови дела, па шеесетина од нив до 15 октомври ќе бидат изложени во уметничката галерија Безистен во Штип.

    Заблагодарувајќи се на бројната публика која му дојде на отворањето и на онаа која допрва ќе ја гледа изложбата, виталниот уметник Нанче најави дека ќе се труди да твори и понатаму . Тој рече дека старата, но и новата штипска архитектура, пејзажите, убавата природа околу градот ќе му бидат постојана инспирација.

    „Ако повторно се родам, пак сакам тоа да биде во Штип“, вели Нанче.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира