ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19 Е ДИРЕКТОРКАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ВО ШТИП, НИЕДЕН ВРАБОТЕН НЕМА ДА ОДИ ВО ИЗОЛАЦИЈА

    ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19 Е ДИРЕКТОРКАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ВО ШТИП, НИЕДЕН ВРАБОТЕН НЕМА ДА ОДИ ВО ИЗОЛАЦИЈАЕпидемиолошката служба во штипскиот Центар за јавно здравје има регионален пункт за ковид-19 со над 50 пациенти дневно. (Фото: СДК.МК)

    Директорката на Центарот за јавно здравје во Штип Марија Димитрова од денеска не е на работа оти е позитивна на ковид-19, потврдија од Општинскиот кризен штаб. Димитрова, која е познат штипски епидемиолог, е во домашен карантин, а од денеска во самоизолација се и членови на нејзиното потесно семејство. Штипскиот Центар за јавно здравје е од регионален карактер и врши испитувања за ковид-19 за повеќе општини.

    „Раководителката извесно време ќе паузира затоа што е малку болна“, рекоа вработени во Центарот и додадоа дека во сите нивни служби се применуваат строги протоколи против ковид-19 и никој од вработените не е во изолација туку имаат насоки да ја следат здравствената состојба.

    Во рамките на овој Центар работи и Регионалниот пункт за ковид-19, каде во овој период секојдневно се вршат педесетина испитувања на пациенти. Епидемиолошката служба од оваа година се пополни со нови стручни кадри, од кои некои како врвни и единствени епидемиолози вршат предавања и обуки и на студентите на Медицинскиот факултет во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира