ПРАТЕНИКОТ ФЛОРИН БЕСИМИ ОД ДУИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ МОЖЕН КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ ОТИ БРАТ МУ ФАТМИР Е ПРЕДЛОЖЕН ЗА МИНИСТЕР

    ПРАТЕНИКОТ ФЛОРИН БЕСИМИ ОД ДУИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ МОЖЕН КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ ОТИ БРАТ МУ ФАТМИР Е ПРЕДЛОЖЕН ЗА МИНИСТЕРФлорин Бесими вели дека одлуката ја донел на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, во која брат му Фатмир е предложен за министер за финансии, а по предходна консултација и координација со лидерот на ДУИ Али Ахмети. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот од ДУИ Флорин Бесими од новиот парламентарен состав поднесе оставка. Оваа оставка тој ја образложи дека била донесена од морални принципи, за да се избегне можен конфликт на интереси при гласањето во Собранието на новата Влада во која  за министер за финансии е предложен брат му Фатмир Бесими.

    „За мене претставува посебна чест и одговорност да ве претставувам во Собранието на Република Северна Македонија, но околностите денес ми наложуваат да денесам сосем друга одлука. Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и волјата на народот, изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник во Собрнието на РСМ, со цел да се избегне можен конфликт на интереси со мојот глас во собранието. Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слободнатата волја на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули. Оваа моја одлука е по предходна консултација и потполна координација со претседателот Али Ахмети“, напиша Бесими во соопштението до јавноста.

    Флорин Бесими неколку години е директор на Клиничката болница во Тетово, а на последните парламентарни избори на листата на ДУИ во Шестата изборна единица беше на второто место, веднаш по лидерот Али Ахмети.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира