ПРЕД ОЛИМПИСКИ БАЗЕН ГРАД СКОПЈЕ НАПРАВИ АДРЕНАЛИНСКА ПАТЕКА ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ И СКЕЈТЕРИ МЕСТО ХОТЕЛ НА 6 КАТА

    ПРЕД ОЛИМПИСКИ БАЗЕН ГРАД СКОПЈЕ НАПРАВИ АДРЕНАЛИНСКА ПАТЕКА ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ И СКЕЈТЕРИ МЕСТО ХОТЕЛ НА 6 КАТАПамп трак полигонот е со површина од 1.690 метри квадратни и е поделен на два дела, детски полигон и полигон за возрасни. (Фото: Град Скопје)

    Празниот просторот пред Олимписки базен во центарот на градот, Град Скопје го уреди во адреналинска патека или памп трак за велосипеди, скејтборди и ролери. Памп трак полигонот е со површина од 1.690 метри квадратни и е поделен на два дела, детски полигон и полигон за возрасни.

    На овој простор, со Деталниот урбанистички план (ДУП) кој беше донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, беше предвидено да се гради хотел на 6 ката. Но, со мораториумот на градба кој го донесе Општина Центар, овој план беше првиот кој претрпе измени, односно беше донесен нов ДУП, во кој беше избришана маркичката за хотелот.

    „Просторот кај Олимписки базен кој досега беше неуреден, стана првиот памп трак полигон во Скопје. На овој простор беше предвиден хотел на 6 ката, но благодарение на Општина Центар која го измени Деталниот урбанистички план за овој дел, Скопје доби ново и уредено катче со зеленило, урбана опрема и содржини за забава“, рече градоначалникот Петре Шилегов, на отворањето  на адреналинската патека.

    Малот полигон е специјално прилагоден за деца, за почетници и за лица во инвалидски колички. Одделен е од полигонот за возрасни и е составен од помали контури и кривини, со што е овозможено безбедно возење. Полигонот за возрасни има двојни и тројни контури, скокови, брзи кривини соодветни за љубителите на адреналинските спортови.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари