ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ В ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА РАБОТАТ СО ПАЦИЕНТИ ОД 12 ДО 16 ЧАСОТ, ВО ЗНАК НА РЕВОЛТ ПОРАДИ НЕЗАШТИТЕНОСТА НА ДОКТОРИТЕ ПО УБИСТВОТО НА КОЛЕГАТА ОД СКОПЈЕ

    ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ В ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА РАБОТАТ СО ПАЦИЕНТИ ОД 12 ДО 16 ЧАСОТ, ВО ЗНАК НА РЕВОЛТ ПОРАДИ НЕЗАШТИТЕНОСТА НА ДОКТОРИТЕ ПО УБИСТВОТО НА КОЛЕГАТА ОД СКОПЈЕОва можеше да се случи било кому од нас, рече д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателкa на Здружението на приватни лекари на Македонија. (Фото: СДК.МК)

    В понеделник од 12 до 16 часот, приватните лекари нема да работат со пациенти. Тие на овој начин ќе му оддадат почит на убиениот колега А. Т., матичен лекар од поликлиниката „Железара“ од Скопје. Ова го најави претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лили Дервишова-Чолакова, која не можеше да ги сокрие солзите за починатиот колега.

    „Ова можеше да се случи било кому од нас. Одамна бараме донесување на Закон за лекарска дејност, со која ќе бидеме заштитени. Со капитацијата која ја примаме дали треба и обезедување да ангажираме? Колегата беше исклучително посветен на неговите пациенти, затоа продолжи со работа до старосната граница, да не ги остави без лекарска заштита. Токму затоа ни е потребно државaта да не заштити. Во знак на револт poради убиството, немањето заштита, донесовме одлука понеделник од 12 до 16ч. да не работиме со пациенти“, кажа д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателкa на Здружението на приватни лекари на Македонија, кое опфаќа околу 1.500 доктори.

    Телото на докторот било пронајдено вчеравечер во неговиот автомобил, на паркинг пред зградата на поранешната клиника „Железара“ околу 23ч. Го пронашол синот, откако татко му не одговарал на повиците од мобилниот. На телото од починатиот биле видливи убодни рани од остар предмет. Обвинителството презема мерки за расчистувње на убиството.

    И Лекарската комора остро го осуди убиството на доктор и рече дека „загубата на доктор е и загуба за целиот здравствен систем“.

    „Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат“, кажа Лекарската комора.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира