ПРИВАТНИЦИТЕ ГИ ТРГНАА АВТОБУСИТЕ ОД ИЛИНДЕНСКА, ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОМИРУВААТ СО АРСОВСКА СО МЕДИЈАЦИЈА НА КОВАЧЕВСКИ

    ПРИВАТНИЦИТЕ ГИ ТРГНАА АВТОБУСИТЕ ОД ИЛИНДЕНСКА, ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОМИРУВААТ СО АРСОВСКА СО МЕДИЈАЦИЈА НА КОВАЧЕВСКИПриватните превозници 10 дена го блокираа Скопје. (Фото: К.Попов)

    Приватните превозници попладнево ги тргнаа автобусите од булеварот Илинден и велат дека прифаќаат да се почне процес на помирување со градоначалничката Данела Арсовска преку медијација на премиерот Димитар Ковачевски.

    Денеска премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за барањето на приватниците да се сретнат со него рече дека тоа нема да го добијат  под уцени и притисоци односно нема да ги прими во Влада додека не се одблокира градот. По оваа изјава на Ковачевски, директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски одржа прес-конференција на која кажа дека го прифаќаат барањето на премиерот односно ќе ги тргнат автобусите за да се остави простор за дијалог.

    „Ќе се повлечат сите автобуси за да му се даде простор на средба на која како што кажа премиер Ковачевски  ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целата оваа состојба од која и нему и на пошироката јавност по тие средби ќе ѝ бидат пренесени во изворна форма на јавноста. Се прифаќа идејата ние како претставници на приватните превозници кои располагаме со таа документација, да ја презентираме на таа средба, прифаќаме и инсистираме на таа средба да има претставници и од Град Скопје, но и од ЈСП каде што пред него ќе ги соочиме аргументите со кои располагаат сите три страни“, рече Јовановски.

    Јовановски кажа дека доставиле барање до Град Скопје за поништување на одлуката за раскинување на договорот со „Слобода превоз“, а на 8 февруари е закажано рочиште за долгот кон ЈСП го има нив во висина од 1,5 милиони евра.

    Приватните превозници десет дена протестираат преку блокади на Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска нема намера да им го плати долгот и им вели да тужат.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира