ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЕВН ВО ТЕТОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:24:"Тетово,(МЕТА)

    ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЕВН ВО ТЕТОВО

    Околу илјада граѓани протестираа пред седиштето на ЕВН во Тетово незадоволни од цената што ЕВН им ја наплатува за потрошена електрична енергија, јави агенцијата Мета. Тие упатија повеќе барања до компанијата ЕВН, меѓу кои и да се либерализира пазарот на дистрибуција на струја.

    “Бараме ЕВН да ја намали цената на киловат-час електрична енергија, затоа што цената на отворена берза е многупати помала од таа што се фактурира на граѓаните на Македонија, да се отстрани индустриската тарифа, итно да се либерализира за сите потрошувачи пазарот на дистрибуција. Да ѝ се забрани на ЕВН основните средства за дистрибуција што ги плаќа потрошувачот да ги присвои како свои инвестиции. Да не наплатува такса за приклучок на потрошувачот од 500 евра, затоа што тоа е нешто кое е забрането со закон„ рече Џемал Хасипи од организациониот одбор за протести против ЕВН.

    Учесниците на протестот побараа од компанијата да ги пронајде крадците на струја, за да не се казнуваат сите потрошувачи и да се забрани поставување на броила на јавни површини.

    Од организациониот одбор за протести против ЕВН, рекоа дека протестите ќе продолжат и понатаму, во зависност од тоа дали ЕВН ќе ги прифати нивните барања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира