ПРВПАТ НА ИЗБОРИТЕ ЌЕ ИМА ШАБЛОНИ СО БРАЈОВО ПИСМО ЗА ДА ГЛАСААТ СЛЕПИТЕ

    ПРВПАТ НА ИЗБОРИТЕ ЌЕ ИМА ШАБЛОНИ СО БРАЈОВО ПИСМО ЗА ДА ГЛАСААТ СЛЕПИТЕВо печатницата „Киро Дандаро“ во Битола ќе се отпечатат вкупно 1.808.131 гласачко ливче (Фото: СДК.МК)

    Првпат откако се одржуваат избори во Македонија, слепите лица ќе имаат можност да гласаат на самите избирачки места. На претстојните претседателски избори, на сите 3.515 избирачки места ќе има шаблони со Брајово писмо. Слепите лица ќе можат да ги постават над гласачките ливчиња и со допир да ја прочитаат содржината, а потоа да гласаат.

    На овие избори ќе се олесни пристапот за гласање и на лицата со инвалидност, зашто на сите избирачки места ќе бидат поставени посебни паноа, каде избирачкото право ќе можат да го остварат и лицата во инвалидска количка.

    Целиот гласачки материјал се изработува во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола. Таму се печатат вкупно 1.808.131 гласачко ливче на специјална хартија и со 20 сигурносни кодови и нумерација.

    Од Здружението на слепи лица во Битола ја поздравија новината, но посочуваат дека во иднина треба повеќе да се работи на описменувањето со Брајово писмо, зашто не го знаат сите, посебно оние кои видот го загубиле на повозрасни години.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари