РЕШАВАЊЕ НА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ И СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС ВО СКОПЈЕ ПРВ ПРИОРИТЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ

    РЕШАВАЊЕ НА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ И СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС ВО СКОПЈЕ ПРВ ПРИОРИТЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ„Јас не избркав никого, Шилегов треба да ги искористи капацитетите на градската администрација“, рече Коце Трајановски при примопредавањето на функцијата (Фото: Ѓ. Личовски)

    Новиот градоначалник на Скопје Петре Шилегов денеска ја презеде функцијата од претходникот Коце Трајановски и рече дека од утре започнува да работи за решавање на загадениот воздух и сообраќајниот хаос. Тој се заблагодари на граѓаните што гласале за промени.

    „Победата претставува голема обврска, ќе работиме трансапарентно и отчетно со консултација со граѓаните и граѓанските организации”, рече Шилегов.

    Трајановски при предадавањето на функцијата им се заблагодари на сите што гласале за него.

     

    „Благодарност до сите што гласаа за мене, што го препознаа мојот труд и моите резултати. На Шилегов му посакувам сѐ што вети да го исполни и да ги заврши дел од почнатите досегашни проекти. Јас не избркав никого, Шилегов треба да ги искористи капацитетите на градската администрација“, рече Трајановски после примопредавањето на функцијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира