САНИРАН Е ДЕФЕКТОТ, ДО ПОЛНОЌ ЦЕЛО СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ВОДА, ВЕЛАТ ОД „ВОДОВОД“

    САНИРАН Е ДЕФЕКТОТ, ДО ПОЛНОЌ ЦЕЛО СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ВОДА, ВЕЛАТ ОД „ВОДОВОД“Од ЈП „Водовод и канализација“ објаснуваат дека станува збор за голема цевка под голем притисок и заради тоа мораат да бидат внимателни и пуштањето на водата ќе оди постепено.(Фото: СДК.МК)

    Саниран е дефектот на пукнатата цевка и од 21 часот полека ќе почне да се пушта водата, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

    Од таму објаснуваат дека станува збор за голема цевка под голем притисок и заради тоа мораат да бидат внимателни и пуштањето на водата ќе оди постепено.

    „Откако ќе почнеме со пуштање на водата, за два-три часа ќе се стабилизира водоснабдувањето во цело Скопје“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

    Од попладневно поради дефект на цевка на булевар Кочо Рацин спроти Олимписки базен без вода се Центар, Кисела Вода, Аеродром, Лисиче, Ново Лисиче, Драчево и Сопиште.

    Цистерни со техничка вода се поставени на пет локации и тоа во Кисела Вода кај „Шампионче“ и на булеварот Борис Трајковски кај маркетот „Тинекс“, потоа пред ТЦ „Три Бисери“ во Аеродром, кај паркот „Авионче“ во Ново Лисиче и кај поранешна Градска болница во Центар.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира