На парцелата на Клиничката болница во Битола се подготвува просторот за модуларен Ковид-центар. Целта ќе биде обезбедување дополнителни капацитети за прием и тријажа на ковид пациенти и проширување на моменталните капацитети на Клиничката болница во Битола.
Модуларниот ковид-центар ќе има три модуларни градби, од кои две за интегриран тријажен центар со стационар и една со независен тријажен центар.
Овие модуларни градби се монтажно-демонтажни градби со едно ниво (приземје), со приближна површина околу 1.000 метри квадратни, се поставуваат на бетонска подлога, во рамки на дворно место на јавни здравствени установи, со приближен капацитет на стационар од 90 кревети.
Овој проект се реализира од Министерството за здравство и Општина Битола.
Општина Битола, по изготвувањето на планската документација од општинските служби, се вклучи и во расчистување на теренот со учество на механизација на јавните претпријатија и е целосно подготвена за изведба на рамнење на теренот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА