СЕ ПРОБИВА ТРАСАТА НИЗ РИДОТ КАЈ СКОПСКАТА КАСАРНА ИЛИНДЕН ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО ВО БУЛЕВАР НА УЛИЦАТА НИКОЛА КАРЕВ

    СЕ ПРОБИВА ТРАСАТА НИЗ РИДОТ КАЈ СКОПСКАТА КАСАРНА ИЛИНДЕН ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО ВО БУЛЕВАР НА УЛИЦАТА НИКОЛА КАРЕВНовиот булевар ќе има четири коловозни ленти, средишна жардиниера, велосипедска и пешачка патека од двете страни. (Фото: Град Скопје)

    Се пробива трасата низ ридот на потегот од крстосницата кај касарната Илинден до Момин поток во Скопје заради проширување во булевар на улицата Никола Карев. Проширување се врши и од другата страна на улицата. Со земјата која се вади од ридот се пополнува просторот од другата страната над реката Вардар, кој досега беше неуреден и запуштен.

    „Се работи за исклучително фреквентна сообраќајница, која до јуни ќе добие сосема поинаков изглед. Откако ќе завршиме со проширувањето од двете страни, ќе се премине кон изведба на потпорниот ѕид од страната на касарната Илинден во должина од 690 метри. Потоа ќе следува трасирање на целиот нов булевар, односно изведба на четири коловозни ленти, средишна жардиниера, велосипедска и пешачка патека од двете страни на булеварот, нешто што досега го немаше. Целиот потег ќе добие и ново осветлување и висококвалитетни дрвја и зимземелини садници како што садиме на другите локации низ градот“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

    Долж трасата ќе се постави нова нова атмосферска канализација и ќе се замени старата подземна инфраструктура онаму каде што е потребно. Проширувањето на овој дел во булеварот чини 2,6 милиони евра.

    Шилегов најави дека по завршување на градежни работи на булеварот, ќе се стартува со изградба на клучка на две нивоа кај Момин поток и кружен тек кај „Хубо маркет“ со што би се решил метежот во сообраќајот во овој дел од градот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира