СЕ РАСИПА МЕРНАТА СТАНИЦА ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ ВО ГАЗИ БАБА, ПОПРАВКА ОД ПОНЕДЕЛНИК

    СЕ РАСИПА МЕРНАТА СТАНИЦА ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ ВО ГАЗИ БАБА, ПОПРАВКА ОД ПОНЕДЕЛНИКНа веб страницата на Министерство за животна средина последните податоци од мониторингот на квалитетот на воздухот се од 28 мај, откако утрово се расипа мерната станица во Гази Баба и покажуваше загадување со ПМ10 од 1.000 микрограми на метар кубен (Фото: СДК.МК)

    Расипана е мерната станица за мерење амбиентален воздух во скопска Гази Баба, која е дел од мониторинг системот на Министерството за животна средина. Таа првично покажуваше концентрации од 1.000 микрограми на метар кубен од суспендирани честички прашина ПМ10.

    Расипаната мерна станица во Гази Баба и покажуваше загадување со ПМ10 од 997 микрограми на метар кубен

    Сега на веб страницата на Министерството за животна средина во табелата за часовните мерења, последниот податок е од 28 мај во 10 часот претпладне, кога се измерени 25 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.
    Од Министерство за животна средина потврдуваат дека денес се појавил дефект на мерната станица во Гази Баба и велат дека од понеделник тој ќе биде отстранет.

    Според постоечката законска регулатива, максимално дозволени концентрации на ПМ10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен. Поради дефектот на станицата во Гази Баба, на официјалната страница на Министерството за животна средина нема последни податоци ниту за мерењата од останатите мерни станици во Скопје.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира