СЕ ЗАПАЛИ ДВОКАТЕН АВТОБУС НА ЈСП ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИ

    СЕ ЗАПАЛИ ДВОКАТЕН АВТОБУС НА ЈСП ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИПожарот избувнал на горниот кат и во тек е утврдување на причините кои довеле да се запали автобусот (Фото: Принтскрин Фејсбук)

    Утрово се запали двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ на линијата број 5 во населбата Ѓорче Петров. Како што информираат од претпријатието, нема повредени патници, пожарот избувнал на горниот кат и во тек е утврдување на причините кои довеле до несреќата.

    „Пожарот, чии причини се утврдуваат, е изгаснат за брзо време благодарение на брзата интервенција на екипата на Противпожарната бригада. Внатрешната контрола на ЈСП „Скопје“ веднаш излезе на терен. Возачот на автобусот изјавил дека за време на возењето забележал чад од горниот кат на возилото, застанал и со противпожарни апарати се обидел да го изгасне. Во меѓувреме, забележал и искри и повикал на помош екипа на Противпожарната бригада. Пожарот бил изгаснат во најбрз можен рок“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Во моментов, увид на терен врши и екипа на Министерството за внатрешни работи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира