СЕ ЗАТВОРИ МОНТАЖНАТА КОВИД БОЛНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА ОТИ НЕМА НОВИ БОЛНИ

    СЕ ЗАТВОРИ МОНТАЖНАТА КОВИД БОЛНИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА ОТИ НЕМА НОВИ БОЛНИАко има нови болни ќе се јават на лекување кај матични и во регионалните ковид-центри. (Фото: СДК.МК)

    Модуларната ковид болница во Гевгелија, која почна да работи на почетокот на оваа година, од вчера е затворена откако последниве денови не се регистрирани нови позитивни на ковид-19 не само во оваа општина туку и во соседните Богданци и Дојран. Директорот на Општата болница во Гевгелија Митко Крџев вели дека полека се враќа нормалниот режим на работа во сите болнички одделенија и ако има нови позитивни ќе треба да се јавуваат кај своите матични лекари.

    „Заболените со лесна клиничка слика ќе бидат на домашно лекување под надзор на матичните лекари, а пациентите со средни и потешки клиничка слика ќе се препраќаат на понатамошно опесервирање и лекување во регионалните ковид-центри“, вели Крџев.

    Во Гевгелија се водат 24 активни случаи на ковид-19, претежно со полесни сиптоми. Од почетокот на пандемијата, во оваа општина од коронавирус заболеле 2.190 лица, а 71 починале. Во околните општини, според податоците на Институтот за јавно здравје, има само тројца позитивни и тоа во Богданци, а во Дојран веќе подолг период не се регистрирани нови позитивни.

    Досега во гевгелискиот вакцинален пункт досега се вакцинираа вкупно 1.650 граѓани од кои околу 1.000 лица со кинеската  вакцина на „Синофарм“, а останатите над 70-годишна возраст со „АстраЗенека“.

    Како што вели директорот Крџев, во Гевгелија ќе се врши ревакцинација на сите граѓани кои првата доза ја примиле во тамошниот вакцинален пункт додека останатите кои се вакцинирале во Кавадарци, Струмица или Скопје ќе мора на истото место во закажаниот термин да ја примат втората доза.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира