ЈП „Комунална хигиена“ утрово почна со акција за машинско миење на булеварите и улиците. Миењето ќе се одвива наутро со седум цистерни кои ги има претпријатието.
„Редовно ќе ги миеме улиците, нешто што со години не се правело. Зимава поради ниските температури не можевме да организираме вакви акции, но сега температурите се зголемуваат и може секој ден да интервенираме“, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.
Од претпријатието велат дека работат на расчистување на диви депонии на неколку локации низ градот. Денеска се чисти ѓубрето во рамките на Универзитетот Свети Климент Охридски.
„Ќе биде интервенирано на сите црни точки низ градот. Но, апелираме и до граѓаните совесно да го одлагаат отпадот. Некако не можеме да излеземе на крај со градежни материјали и мебел од домаќинствата кои се фрлаат во контејнерите. Затоа тие се преполни и нема место за ѓубрето, па граѓаните го оставаат околу нив“, додава Шабани.
А. АНТЕВСКА