ШИЛЕГОВ ЌЕ ГИ АНГАЖИРА ДИВИТЕ СОБИРАЧИ НА ОТПАД ВО ЧИСТЕЊЕТО НА ГРАДОТ

    ШИЛЕГОВ ЌЕ ГИ АНГАЖИРА ДИВИТЕ СОБИРАЧИ НА ОТПАД ВО ЧИСТЕЊЕТО НА ГРАДОТОколу 1.400 лица кои секојдневно со нивните импровизирани возила собираат пластика низ градот сега ќе бидат дел од системот на ЈП „Комунална хигиена“.(Фото: СДК.МК)

    Дивите собирачи на отпад ќе станат дел од системот на собирање на отпадот на Град Скопје. Околу 1.400 лица кои секојдневно со нивните импровизирани возила собираат пластика низ градот сега ќе бидат дел од системот на ЈП „Комунална хигиена“. Покрај вработените во јавното претпријатие сега и тие ќе собираат ѓубре и ќе го носат во претоварните станици од каде потоа ќе се депонира на депонијата „Дрисла“. Тие за ѓубрето и пластиката која ќе ја носат ќе добиваат паричен надоместок од Град Скопје.

    Градоначалникот Петре Шилегов рече дека на овој начин ќе се регулираат неформалните собирачи на отпад и градот ќе биде почист.

    „Наместо како досега да претураат по контејнерите и да прават диви депонии каде што го собираат отпадот, тоа ќе биде на еден организиран начин. Тие ќе го собираат отпадот од домовите, ќе имаат соодветни униформи и на тој начин ќе ги вработиме во организираниот систем за собирање на отпад“, рече Шилегов.

    За спроведување на овој проект кој целосно треба да биде функционален до крајот на годинава денеска градоначалникот Шилегов и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани потпишаа Меморандумот за соработка со претседателот на Асоцијација за управување со посебни текови на отпад, Филип Ивановски, претседателот на здружението „Ромски Бизнис Информативен центар во Македонија“, Зоран Димов и претставник на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“, Благица Сековска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира