ШИЛЕГОВ МУ СПРЕМА КРИВИЧНА НА ТРАЈАНОВСКИ ЗА ДОГОВОР ЗА БИЛБОРДИ

    ШИЛЕГОВ МУ СПРЕМА КРИВИЧНА НА ТРАЈАНОВСКИ ЗА ДОГОВОР ЗА БИЛБОРДИСтанува збор за 250 локации за билборди кои на јавниот повик што го распишал Град Скопје ги добила фирмата „Медиас ДООЕЛ“, но која по извесно време отишла во стечај, па концесијата со потпис на ексградоначалникот Коце Трајановски бил пренесен на фирмата „Лид Медиа“. - Трајановски и Шилегов на примопредавањето на градоначалничката функција лани во октомври. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Град Скопје ќе поднесе кривична пријава за претходното раководство предводено од градоначалникот Коце Трајановски за договор за давање под концесија на дел од билбордите во Скопје.

    Станува збор за 250 локации за билборди кои на јавниот повик што го распишал Град Скопје ги добила фирмата „Медиас ДООЕЛ“, но која по извесно време отишла во стечај, па концесијата со потпис на ексградоначалникот Коце Трајановски бил пренесен на фирмата „Лид Медиа“.

    „Незаконски е договорот да се пренесе на друго правно лица. Доколку фирмата со која е потпишан договор отиде во стечај тогаш постапката треба да се повтори односно да биде распишан нов јавен повик, не може договорот да се пренесе на друго правно лице. За овој случај Град Скопје ќе поднесе кривична пријава за одговорните лица кои дозволиле да се склучи ваков договор“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

    Поранешниот градоначалникот Коце Трајановски на 13 мај 2013 година на прес-конференција ги промовираше новите унифицирани рекламни паноа што ќе бидат поставени на вкупно 1.100 локации низ градот и како што рече тогаш ќе се постават 800 билборди, 252 „сити лајтс“ и 48 ЛЦД панели. Тогаш Трајановски рече дека со доделувањето на билбордите ќе се вовело ред во рекламирањето.

    „Целта на јавните повици на Градот Скопје за поставување рекламни паноа на подрачјето на градот, да се воведе ред во рекламирањето. На ваков начин Скопје ќе добие унифицирани билборди, ‘сити лајтс’ и ЛЦД панели, а во исто време ќе се отстранат сите нелегално поставени рекламни паноа. Секој нареден нелегално поставен билборд ќе биде отстранет. Градот Скопје на јавните повици избра 4 компании за да може да има конкуренција во рекламирањето, поточно да нема монопол при изнајмувањето на рекламен простор“, рече на тогашната прес-конференција Трајановски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира