ШОК БОМБА НАШЛЕ РАБОТНИЦИТЕ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ СОБИРАЈЌИ ЃУБРЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

    ШОК БОМБА НАШЛЕ РАБОТНИЦИТЕ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ СОБИРАЈЌИ ЃУБРЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВШок бомбата била ставена во вреќа со земја и отпад, а ја забележале комуналните работници додека го собирале ѓубрето од кантите на улицата Македонска преродба.(Фото: Комунална хигиена)

    Шок бомба во канта за ѓубре денеска нашле работниците од ЈП „Комунална хигиена“ во населбата Ѓорче Петров. Шок бомбата била ставена во вреќа со земја и отпад, а ја забележале комуналните работници додека го собирале ѓубрето од кантите на улицата Македонска преродба.

    Веднаш била повикана еко-партолата на претпријатието и полицијата, по што било констатирано дека станува збор за потенцијално опасен отпад од распрскувачки материи.

    „За време на извршувањето на секојдневни активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад, вработените неретко се изложени на разни видови ризици и опасности, но ова е прв пат да најдеме шок бомба. Полицијата изврши увид и следи испитување кој ја фрлил бомбата“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

    Од претпријатието апелираат заедно со комунален отпад никогаш да не се исфрлаат токсични, опасни или штетни материи, коишто можат сериозно да го загрозат здравјето на вработените, но и граѓаните.

    А. АНТЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари