ШТИП Е 24 ЧАСА БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ОТИ ПУКНА ГЛАВНАТА ЦЕВКА СТАРА ПОЛА ВЕК

    ШТИП Е 24 ЧАСА БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ОТИ ПУКНА ГЛАВНАТА ЦЕВКА СТАРА ПОЛА ВЕКЈП „Исар“ по неколку часа утврди каде настанал дефектот поради кој Штип 24 часа е без вода за пиење.

    Од вчера попладне, Штип остана без вода за пиење поради дефект на главната водоводна линија. На ЈП „Исар“ му требале неколку часа да го открие дефектот што настанал на една од главните водоводни цевки која ја транспортира водата од филтер станицата до препумтните станици.

    „Водоводната цевка што пукнала поради дотраеност е стара можеби и 50 години. Цевката е на длабочина од 3-4 метри па дури кога водата се појави на површината дефектот беше откриен и се почна со нејзина замена“, вели директорот на „Исар“ , Здравко Коцев.

    Техничката екипа која работи на остранување на дефектот очекува водоводниот систем да профукционира до крајот на денешниов ден. Граѓаните со вода за пиење се снабдуваат како знаат и умеат, главно од маркетите, а за техничка употреба полнат вода од природните чешми.

    Од „Исар“ велат дека овој дефект и оној што се случи во лани во ноември, кога градот остана исто така неколку дена без вода за пиење, само ја исфрла на виделина потребата од комплетна замена на застарената водоводна мрежа.

    Локалната самоуправа најави дека парите што се добиени од ТАВ програмата ќе бидат наменети токму за обновување на водоводниот систем, за што ќе се бараат и други извори на средства.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира