ШТИП ГО УКИНА ПЛАЌАЊЕТО ЗА ПАРКИРАЊЕ НА НАЈФРЕКВЕНТНИ ЛОКАЦИИ

    ШТИП ГО УКИНА ПЛАЌАЊЕТО ЗА ПАРКИРАЊЕ НА НАЈФРЕКВЕНТНИ ЛОКАЦИИБесплатен паркинг простор за околу 200 возила ќе има по улиците околу пазарот во Штип (Фото: СДК.МК)

    Локалната власт донесе одлука неколку фреквентни локации во Штип да имаат бесплатни паркинзи. Од денеска се укинува плаќањето паркинг на улицата Сутјеска во населбата Автокоманда, која е една од најфреквентните во градот со оглед на тоа што таму се наоѓа и новиот градски пазар.

    Во Штип од лани се воведе платено паркирање со СМС порака, а минатата недела се воведени и грепки (Фото: СДК.МК)

    Според градоначалникот на Штип Благој Бочварски, се укинува плаќањето паркинг на сите улици околу градскиот пазар, што ќе значи големо олеснување на земјоделските производители од регионот кои секојдневно, а посебно во четврток и петок, доаѓаат на пазар во Штип. Олеснувањето ќе биде и за самите штипјани кои пазарните денови масовно го посетуваат пазарот. Се укинува и платениот паркинг на некои улици околу Клиничкиот центар во Штип, а за подобар проток на возила на некои улици се укинува паркирањето.

    Во Штип од лани се воведе платено паркирање со СМС порака, а минатата недела се воведени и грепки.

    Останува плаќањето на паркинг просторот само во централното градско подрачје, по улиците околу реката Отиња каде сообраќајот е еднонасочен. Општината веќе иницира измена на режимот на сообраќајот со враќање на двонасочен сообраќај, а паркирањето ќе се решава со изградба на паркинг простор на постојниот тротоар, а за пешаците ќе се градат патеки над коритото на реката Отиња.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира