ШТИПЈАНЕЦ ПРЕЖИВЕА ПАД ВО ПЛИТКА ВОДА ОД МОСТОТ НА БРЕГАЛНИЦА ВИСОК 16 МЕТРИ

    ШТИПЈАНЕЦ ПРЕЖИВЕА ПАД ВО ПЛИТКА ВОДА ОД МОСТОТ НА БРЕГАЛНИЦА ВИСОК 16 МЕТРИВо 70-годишното постоење на таканаречениот нов мост на реката Брегалница, кој е највисок во Штип, се случиле три обиди за самоубиство со скокање, а скокачите го преживеале падот. (Фото: СДК.МК)

    Штипјанец го преживеал скокот од мостот висок 16 местри на реката Брегалница, чиј водостој летово е под пола метар. Во Клиничката болница во Штип била утврдена само една скршеница на дел од колкот и заради хирушка интервенција 56-годишниот пациент бил префрлен во Клиничката болница во Скопје.

    СВР Штип потврди дека станува збор за штипјанецот Е. Ш. и дека по настанот кај него биле утврдени високи промили на алкохол во крвта. Од болницата велат дека повредениот не кажал зошто се одлучил да скокне од мост во плитка река, но очевидци тврдат дека го забележале претходниот ден како гледа од оградата на мостот кон реката.

    Имало скокање и од  стариот камен мост изграден во 1642 и висок десетина метри, но главно заради атракција и кладба. (Фото: СДК.МК)

    Во 70-годишното постоење на таканаречениот нов мост на реката Брегалница, кој е највисок во Штип, се случиле три обиди за самоубиство со скокање, а скокачите го преживеале падот. Најверојатно, иако е мало ниво на водата, дебело наталожениот слој песок значително го амортизира падот.

    Пред 70 години, кога при почетната изградба на мостот скелето се срушило, неколку работници загинале од падот во реката. Изградбата на мостот продолжила и за пет години бил завршен.

    Дотогаш за премин на Брегалница се користел таканаречениот стар камен мост изграден во 1642 година,  кој и денес е во употреба. Имало скокање и од стариот мост висок десетина метри, но главно заради атракција и кладба. Пред 7 години, еден штипски професор скокнал во темницата после 22 часот, откако претходно во блиската кафаена со друштвото се кладеле дека ќе скокне од мостот со врзани очи. Професорот ја добил кладбата, па триумфално со другарите се вратил назад во кафеаната заради честење.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира