ШТИПСКИ ХИРУРГ ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    ШТИПСКИ ХИРУРГ ПОЧИНА ОД КОВИД-19Во кариерата д-р Ѓорѓи Денков бил раководител на Одделението за хирургија во Штип, а во еден период пред десетина години и директор на Штипската болница. (Фото: архивска фотографија)

    Штипскиот хирург Ѓорѓи Денков (67) почина по неколкудневно лекување во Штип и во Скопје како последица од коронавирусот. Тој претходно имал други здравствени проблеми, но кога минатата недела состојбата му се влошила бил неколку часа на испитување во Клиничката болница во Штип, а потоа префрлен во Скопје каде било утврдено дека е позитивен на коронавирус.

    Ова е 9. жртва од медицинската струка во ковид-пандемијата.

    За смртта на познатиот штипски хирург потврда има од неговото семејство кое има стоматолошка ординација во Штип, а неговите помлади колеги, хирурзи во Клиничката болница, велат дека жалат за оваа загуба затоа што Денков како искусен доктор бил постојано со помадите лекари и тие во хирургијата многу научиле од него.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира