СИСТЕМОТ ЗА ГРЕЕЊЕ НА БОЛНИЦАТА ГО ПРЕДИЗВИКА ГОЛЕМОТО ЗАГАДУВАЊЕ ВО КУМАНОВО, ВЕЛАТ ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ

    СИСТЕМОТ ЗА ГРЕЕЊЕ НА БОЛНИЦАТА ГО ПРЕДИЗВИКА ГОЛЕМОТО ЗАГАДУВАЊЕ ВО КУМАНОВО, ВЕЛАТ ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИГрадот почна со аеросолизација, односно распрскување на вода во воздухот за да се налами загадувањето, метод што се користи веќе две години (Фото: СДК.МК)

    Согорувањето на мазутот во системот за греење на Кумановската болница е причината за енормното загадување на воздухот во Куманово, тврди Општина.

    „Мерната станица за мониторинг на амбиенталниот воздух последните десетина години е поставена во дворот на болница,та непосредно до котелот за затоплување. Анализата на информациите добиени од мерната станица, што ја направи надлежното министерство, покажува дека најголемите пикови на загаденост се резултат на палењето на фосилно гориво и истите се од период кога котелот за затоплување на болницата се пали, но после краток период се нормализира состојбата на штетните PM 2,5 и PM 10 честички“, стои во соопштението на Општината.

    Општината бара од Министерството за здравство да ја гасифицира Општата болница Куманово.

    „Проектната документација за изградба на трасата за гасификација на градската болница е во завршна фаза и прашање на денови е кога ќе се спроведе. Останува да видиме колку Министерството за здравство ќе наиде на разбирање за решавање на овој круцијален проблем и ќе одвои одредени средства кои се потребни за инсталација, односно преадаптирање на грејниот котел од мазут на природен гас“, информираат од Општината.

    Оттаму додаваат дека проблемот е детектиран и се преземаат соодветни мерки за намалување на загаденоста. Општината синоќа почна со аеросолизација, односно распрскување на вода во воздухот, за да се налами загадувањето. Ова уследи откако неколку вечери по ред во градот се регистрира енормно загадување на воздухот, кое изнесуваше и до 1.850 микрограми на метар кубен, што е 35 пати повеќе од дозволеното.

    Аеросолизацијата веќе две години се користи на територијата на Општина Куманово и дава резултати во намалувањете на загадувањето на воздухот.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира