СИТЕ БЕГААТ ОД ТЕНДЕРОТ ЗА ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИ ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:15:"single_template";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИТЕ БЕГААТ ОД ТЕНДЕРОТ ЗА ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИ ВО БИТОЛА

    Училишниот одбор на Техничкото училиште денес најверојатно ќе одлучува дали ќе биде носител на тендерот за бесплатен школски превоз во Битола. Општината по истрагата за случајот „Транспортер“ годинава нема да го распишува тендерот, па се бараат алтернативни решенија. Техничкото училиште е едно од неколкуте без блокирана сметка кое има и обучено лице за јавни набавки, па затоа се бара од него да биде носител на тендерот, а потоа секое училиште да си потпише договор со избраниот превозник.
    „Наставнички совет едногласно гласаше против, а сега пак се бара да одлучува Училишниот одбор. Вработените се загрижени тоа да не доведе во иднина до блокирање на сметката. Претходно, тендерот го распиша Општината, а договорите ги потпишаа училиштата и превозниците. Сега во триаголникот ќе влезе училиштето место Општината. И вработениот кој е обучен за набавки е со обука, а не експерт по економија. Од кого ќе добива поддршка, од Општината каде за некои е покрената истрага за ’Транспортер’?“, вели Наташа Петровска, член на УО и координатор на советниците од СДСМ. Таа додава дека станува збор за сензитивен тендер кој најдобро е да го распише Министерството за образование.
    Директорот на училиштето Драган Стојановиќ изјави дека оваа недела УО ќе одлучува дали тие ќе го распишат тендерот за бесплатниот школски превоз.
    Минатите години тендерот го имаше распишано Општината.Подоцна, СЈО ги осомничи градоначалникот Владимир Талески, секретарот на Општината, директори на школи и превозници за организирање школски превоз по цени повисоки од реалните. За тоа Талевски трет месец е во притвор.
    Прашавме во Општина како ќе го организираат превозот годинава, ни одговорија дека поради истражната постапка која се води, не можат да одговорат на прашањето.
    Додека да се распише тендерот учениците ги превезуваат истите превозни фирми како и лани, а некои се вмешани во случајот „Транспортер“.
    Превозници велат дека сѐ уште не им се доисплатени сумите што им се должат за превозот на учениците од лани. Повеќето од нив веќе ги тужеле школите и имаат извршни решенија, но не можат да наплатат поради блокираните сметки на училиштата. Велат дека никој не се зафајќа со решавање на овој проблем, а наместо тоа, сега им се воведува и такса запирање на постојките.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира