СИТЕ ВЕТИЈА, НИКОЈ НЕ ДАВА ПАРИ ЗА ОБНОВА НА ДОМОТ „КОПАНКИ“ НА ПЕЛИСТЕР

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИТЕ ВЕТИЈА, НИКОЈ НЕ ДАВА ПАРИ ЗА ОБНОВА НА ДОМОТ „КОПАНКИ“ НА ПЕЛИСТЕР

    Никој не дава ни денар за обнова на култниот планинарски дом „Копанки“ во националниот парк Пелистер, кој изгоре во пожар пред три години. Од планинарско-спортскиот клуб „Пeлистер“, кој стопанисува со објектот, велат тешко дека со нивни финансии ќе успеат да го подигнат домот од пепелта, па во преговори се со повеќе институции да помогнат во обновата.

    „Сме се обратиле на повеќе места со барање за помош, засега немаме одговор. Но, не се откажуваме, ќе продолжиме и понатаму да се обидуваме да обезбедиме средства за обнова. Ако помогнат, не е доцна оваа градежна сезона да започне градбата“, вели Диме Попов претседател на ПСК „Пелистер“.

    Пред три години кога изгоре домот, имаше едно чудо најави од институции, битолчани и иселеници во странство дека ќе помогнат за обнова. Тогаш и битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој сега е во куќен притвор поради случајот на СЈО „Транспортер“, во изјава дадена за медиумите им вети на битолчани дека Општината ќе помогне домот одново да се изгради. По ова, Општината соопшти дека домот бил дивоградба, па ќе треба да се легализира за да може да се изгради. Издавањето на документацијата се издолжи две години и запреа иницијативите за собирање пари. Сега сите критикуваат дека домот не е направен и немаат сврталиште на Пелистер, но никој не го одврзува ќесето.

    „Ако се започне градбата, се надеваме дека и иселениците ќе помогнат во изградбата“, вели Попов.

    Домот „Копанки“ изгоре во јануари 2013, а ова е четврта летна сезона како гостите на Пелистер  ги дочекуваат рушевините што останаа. По пожарот, освен што беше расчистено местото од изгорениот и трул материјал, до денес не е ставена ни една нова тула.

    Според информациите кои беа соопштени во јавноста, пожарот бил предизвикан од котелот за парно греење, а не беше покрената ни една кривична пријава за предизвиканата штета. Ден пред пожарот во домот кој беше издаден под наем, беше организирана забава со диџеи и имаше голем број гости. Вечерта кога се појавија пламените јазици домот беше полн со посетители, но за среќа немаше жртви.

    Домот пред седумдесетина години го градеа битолските планинари, носејќи ги на раце градежните материјали зашто немаше асфалтен пат до таму. И денес нема асфалтен пат до „Копанки“, но и ентузијасти има сѐ помалку.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари