Градоначалникот Петре Шилегов најавува дека ќе се воведе нов концепт на јавен транспорт во Скопје и веќе следната недела финансирањето ќе биде на седница на економскиот совет во Владата.
„Во вторникот имав работен состанок со премиерот Зоран Заев на кој го претставив концептот за јавен транспорт во Скопје. Се договоривме информацијата Град Скопје да ја достави до Влада, па потоа да биде свикан Економскиот совет. Денеска ние ќе го доставиме нашиот концепт и во текот на наредната недела треба да биде ставен на разгледување на Економски совет во Владата за да се реши финансирањето. Очекувам дека Владата врз основа на договорот со премиерот ќе го помогне овој проект, а ние како Град Скопје сме подготвени веднаш да ја стартуваме реализацијата“, вели Шилегов, но одби да открие детали од предложениот концепт.
Лани во декември Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК најави дека во Скопје ќе се гради трамвај, за што пари ќе добие од Владата. Тогаш тој кажа дека решение за трамвајската траса е изработено и дека реализалцијата на овој капитален проект треба да почне во 2019.
- ШИЛЕГОВ ЌЕ ГРАДИ ТРАМВАЈ ВО СКОПЈЕ, ПРВАТА ТРАСА ОД НОВО ЛИСИЧЕ ДО ЃОРЧЕ ЌЕ ЧИНИ 150 МИЛИОНИ ЕВРА
- СКОПСКИОТ ТРАМВАЈ ЌЕ МИНУВА ПО СРЕДИНА НА ПАРТИЗАНСКА ПРЕКУ РЕКОРД ДО НОВО ЛИСИЧЕ, ЦЕНТАРОТ ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ ЗА КОЛИ, СПОРЕД ПЛАНОТ НА ШИЛЕГОВ
А. АНТЕВСКА