Град Скопје ќе им донира на Охрид и Штип по едно пајак возило.
Општина Охрид од ЈП „Градски паркинг“ ќе добијат пајак марка „мерцедес“ произведено во 1991 година, со хидраулична телескопска дигалка од 2009 година. Општина Штип ќе добие пајак од марката „ивеко“ произведено во 1996 година.
„Сакаме да им помогнеме на помалите градови и работата на нивните пајак служби. Ние купивме два нови пајаци, во моментов се на царина и затоа старите ги донираме. И понатаму ќе имаме на располагање 9 пајаци, што значи со ист интензитет ќе се отстрануваат непрописно паркирани автомобили низ градот“, вели директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски.
Пајаците кои ќе ги добијат Охрид и Штип се најстарите кои ги има ЈП „Градски паркинг“. Возниот пак во моментов располага со три возила од 2008 година, по две од 2014 и 2016 и новите две кои од наредната недела ќе бидат на улиците.
„На секои две години го обновуваме возниот парк со средства од буџетот на претпријатието. Планираме во 2020 да се набават нови две возила, а старите ќе ги донираме“, вели Јакимовски.
А. АНТЕВСКА